VIDRAA

28.05.2026 Скопје

Иако видрата е строго заштитен вид во Македонија, постојат индикации дека нејзината популација се намалува. Главните причини за ова се уништување и деградација на живеалиштата, загадување на водата, намалување на рибниот фонд, изградба на мали хидроелектрани и криволов.

Ова го соопшти Македонското еколошко друштво, по повод Светскиот ден на видрите, за да се подигне јавната свест за заштитата на овие цицачи, кои, велат, се повеќе се соочуваат со сериозни закани поради деградацијата на водните и мочуришните живеалишта.

Еколозите објаснуваат дека во Македонија, видрите се наоѓаат покрај поголемите реки, езера и водните екосистеми, вклучително и покрај бреговите на Преспанското Езеро, хранејќи се првенствено со риби, но и со мали цицачи, птици, водоземци, ракови, полжави, змии и инсекти.

Тие се територијални животни кои се најактивни во тесна лента по должината на бреговите на водните тела.

„Нивниот опстанок зависи од присуството на крајбрежна вегетација, достапноста на плен и местата за изградба на засолништа“, велат тие.

Затоа, според МОН, особено е важно континуирано да се следи состојбата на популацијата на видри, но и да се зачуваат крајбрежните и водните живеалишта од кои тие зависат.

„Со заштитата на видрите, не заштитуваме само еден вид – ги заштитуваме водите, природата и нашата заедничка иднина. Кога ги заштитуваме видрите, ја заштитуваме и Преспа! Придружете ни се!“, соопшти МЕД.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author