cipras predlognedoverba na vlada grcija

19.05.2026 Скопје

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска потврди дека ќе фомира нова партија. Промоцијата на партијата е најавена за 26. мај, и со тоа и официјално ќе се врати во политиката.

„Не можев да останам во тишина, туку имам одговорност да помогнам во враќањето на стабилноста и нормалноста во Грција. Потребна е владејачка левица, која ќе биде фокусирана на практични решенија. Не сакам да водам партија со комплементарна улога, туку да го пренасочам правецот на политиката“, рече Ципрас претходниот месец.

Ципрас презентираше долг политички манифест за тоа како левицата би можела да се врати на власт во Грција, изготвен од работна група во неговиот Институт „Алексис Ципрас“, фокусиран на „обединување на трите главни тенденции во современата левица: социјалдемократите, радикалната левица и зелените“.

Следните парламентарни избори во Грција ќе се одржат идната година, а на нив би требало да учествува и новата партија на Ципрас.

Ципрас беше премиер од 2015 до 2019 година, а во 2023 година поднесе оставка од неговата партија „Сириза“ по убедливиот пораз на парламентарните избори.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author