13.05.2026 Скопје
Користењето на литванскиот воздушен простор за воени операции против други држави е неприфатливо, изјави денес литванскиот претседател Гитанас Науседа.
„Литванската територија не е користена и нема да биде користена од која било трета земја за воени операции против соседните држави“, рече Науседа.
Претседателот истакна дека секој обид за злоупотреба на литванскиот воздушен простор претставува сериозно кршење на нејзиниот суверенитет и на основните принципи на меѓународното право. Според Науседа, овој став им е соопштен на раководствата на земјите вклучени во конфликтот и на сојузниците на Литванија во НАТО.
Науседа ја поддржува земјата да се придружи на мисијата предводена од САД за обезбедување слобода на пловидба во Ормутскиот теснец. Сепак, тој појасни дека учеството на Вилнус во мисијата во теснецот ќе бара мандат од литванскиот парламент.
Подготвено од А.Ѓ.