18.05.2026 Скопје
Шведската компанија за мебел ИКЕА денес објави дека ќе отпушти 850 работници во 63 земји како дел од кампањата за намалување на трошоците поради намалената побарувачка.
Околу 300 од планираните 850 работници ќе бидат отпуштени во самата Шведска, а вкупно се планира да бидат отпуштени околу три проценти од вкупниот број вработени, или околу 27.500.
„Треба да станеме побрзи, да ги скратиме процесите на донесување одлуки и едноставно да ги концентрираме нашите напори на приоритетите“, рече финансискиот директор на ИКЕА, Хенрик Елм.
Тој изјави дека компанијата е погодена од зголемените трошоци за производство, американските царини и други влијанија.
Елм рече дека падот на довербата на потрошувачите, кој е во опаѓање веќе долго време, е „забрзан“ од војната во Иран, имено поради наглото зголемување на цените на горивата, што исто така негативно влијаеше врз буџетите на домаќинствата и ја намали можноста на потрошувачите да купуваат нов мебел.
„Во време кога довербата на потрошувачите е сериозно засегната, расположливите приходи опаѓаат за многумина, особено за потрошувачите до кои сакаме да стигнеме. Нашата способност да ги намалиме цените за да можат да си дозволат ИКЕА е поважна од кога било, и секако тоа не можете да го постигнете ако имате превисока трошковна основа“, заклучи Елм.
Подготвено од А.Ѓ.