07.05.2026 Скопје
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека либанската вооружена група Хезболах утрово испалила неколку ракети врз израелските војници распоредени во јужен Либан.
Според војската, ракетите паднале во близина на израелски единици, но во инцидентот нема повредени или материјална штета меѓу војниците.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека претходниот ден извршиле напади врз повеќе од 15 цели на Хезболах во јужен Либан.
Целите, според израелската војска, вклучувале објекти за складирање и производство на оружје, командни центри, места за лансирање ракети и објекти што ги користела вооружената група.
Подготвено од А.Ѓ.