Hakan-Fidan

12.05.2026 Скопје

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека израелскиот експанзионизам останува примарно безбедносно прашање во регионот.

„Израелскиот експанзионизам продолжува да биде главен проблем за стабилноста и безбедноста во нашиот регион. Проблемот со кој се соочуваме во Заливот во никој случај не треба да нè натера да го заборавиме прашањето за Газа“, рече Фидан во Доха, за време на заедничката прес-конференција со катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.

Според Фидан, „спречувањето на употребата на Ормутскиот теснец како оружје е важно не само за регионалната стабилност, туку и за глобалната економија“.

Ал-Тани, од своја страна, го обвини Израел за злоупотреба на хуманитарната помош.

„Катар и Турција ги поддржуваат напорите на Пакистан да посредува за завршување на војната и повторно отворање на Ормутскиот теснец. Израел продолжува да го крши прекинот на огнот во Појасот Газа и да ја користи хуманитарната помош како оружје“, рече Ал-Тани.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author