IZRAELL

22.05.2026 Скопје

Израел мора да го запре ширењето на еврејските населби на окупираниот Западен Брег и да го ограничи растечкото насилство на доселениците, соопштија денес Велика Британија, Италија, Франција и Германија во заедничко соопштение, повикувајќи на одговорност за нападите.

Во соопштението се истакнува дека ситуацијата на окупираниот Западен Брег брзо се влошува и дека планираната изградба на еврејски населби во спорната област Е1, источно од Ерусалим, би ја поделила територијата на окупираниот Западен Брег на два дела и би претставувала сериозно кршење на законските норми.

Италија, Франција, Обединетото Кралство и Германија го осудија насилството на доселениците, барајќи Израел да ги истражи наводните злосторства на израелските војници на окупираниот Западен Брег.

Во соопштението се предупредуваат градежните компании да не учествуваат на тендери за изградба во населби на окупираниот Западен Брег.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author