27.05.2026 Скопје
Односите меѓу Европа и САД нема да бидат исти дури ни по завршувањето на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави холандскиот премиер Роб Јетен.
„Би било наивно да се мисли дека со доаѓањето на нов претседател во Америка, ќе се вратиме на она што беше претходно“, рече Јетен.
Холандскиот премиер оцени дека САД постојано им ставиле до знаење на своите европски сојузници дека повеќе не можат да се потпираат на американските безбедносни гаранции во обем како што тоа го правеле со децении.
Според него, во Вашингтон сè повеќе преовладува ставот дека Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност.
„Искрено, мислам дека тоа е она што Европа треба да го направи“, рече Јетен.
Подготвено од А.Ѓ.