05.05.2026 Скопје
Еруптивната активност на вулканот Мајон предизвика сериозна еколошка и хуманитарна криза во регионот Бикол на Филипините, откако пепелта и вулканските гасови покрија широка област и погодија повеќе од 100.000 луѓе.
Според податоците од Канцеларијата за цивилна заштита (OCD), од утрово, погодени се 30.522 семејства, или 102.406 лица.
Околу 5.440 луѓе се сместени во центри за евакуација.
Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос помладиот изјави дека им наредил на секретарот за јавни работи Винс Дизон и на секретарот за социјална помош Рекс Гачалијан да одат во покраината Албај, најтешко погодената област, за да го надгледуваат расчистувањето на патиштата и дистрибуцијата на помош.
Филипинската војска го зголеми своето присуство во погодената област, распоредувајќи дополнителни единици за одржување на редот и поддршка на напорите за помош.
Воените возила се во состојба на готовност за побрза достава на помош во оддалечените области, а можат да се користат и за евакуација доколку е потребно.
Стромболиска ерупција е регистрирана на вулканот Мајон на 3 мај, проследена со континуирани пирокластични текови и обилни врнежи од вулканска пепел.
Подготвено од А.Ѓ.