28.05.2026 Скопје
Американскиот министер за финансии Скот Бесант изјави дека американската влада нема да толерира никаков обид за воведување систем на патарини во Ормутскиот теснец.
„Оман, особено, треба да знае дека Министерството за финансии на САД агресивно ќе ги таргетира сите актери директно или индиректно вклучени во олеснувањето на наплатата на патарина во теснецот и дека сите партнери ќе бидат казнети“, рече Бесант во својата објава на социјалната мрежа X.
Тој додаде дека сите нации „треба да ги отфрлат напорите на Иран да го наруши слободниот проток на трговија“.
„Деновите кога Техеран внесуваше несигурност во регионот и во светот се завршени“, рече тој.
Високиот ирански функционер Ебрахим Азизи објави дека Иран воведува нов механизам за контрола на поморскиот сообраќај преку специфична рута во Ормутскиот теснец, што вклучува наплата на такси за „специјализирани услуги“.
Тој изјави дека новиот систем е во согласност со националниот суверенитет на Иран и ќе ја гарантира безбедноста на меѓународната трговија.
Подготвено од А.Ѓ.