BELORUSKA VOJSKA

18.05.2026 Скопје

Со цел да се подобри подготвеноста на белоруските вооружени сили за употреба на модерно оружје, вклучително и специјална муниција, белоруската војска денес започна со спроведување обука за борбена употреба на нуклеарно оружје и нуклеарна поддршка, соопшти белоруското Министерство за одбрана.

Целта на обуката е да се подобри нивото на обученост на припадниците на белоруската армија, да се провери подготвеноста на оружјето, воената и специјалната опрема за извршување задачи и организирање борбени операции од непланирани подрачја, се вели во соопштението.

Оваа воена вежба, која се спроведува во соработка со руската војска, се фокусира на испорака на нуклеарно оружје и нивна подготовка за употреба.

Главната цел на вежбата е да се провери подготвеноста за извршување борбени мисии од неподготвени области низ цела Белорусија и да се вежба прикривање, движење на долги растојанија и пресметување на обемот на распоредување на сили и опрема.

Оваа обука, која се спроведува во границите на Белорусија, не е насочена против трети земји и не претставува закана за безбедноста во регионот, соопшти белоруското Министерство за одбрана.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author