Skanderberg square, Tirana, Albania, Europe

Image: 76957232, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Godong / robertharding / Profimedia

21.05.2026 Скопје

Студентите од Албанија најавија протест во Тирана на 26 мај во поддршка на студентите-албанци од Македонија кои учат на албански јазик и бараат нивните испити по право да се полагаат и на албански јазик, објавија албанските медиуми.

Според најавата, митингот ќе започне во 17 часот во центарот на албанската престолнина, а потоа ќе продолжи со марш до Македонската амбасада во Тирана.

Организаторите го избраа „Албанија е со Скопје“ како свој слоган, нагласувајќи „порака за единство и поддршка за Албанците преку границите“.

Студентите по право, Албанци на неколку универзитети во Македонија, бараат завршните испити да се одржуваат на албански јазик. Нивното барање не доби позитивен одговор од Министерството за правда, а по нивниот прв протест на 6 април, властите ветија дека ќе најдат решение.

Студентите одржаа втор протест со ова барање на 18 мај во Скопје.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека до Венецијанската комисија ќе биде испратено решение кое треба да ги надмине причините за протестите на албанските студенти. Биљал Касами, еден од лидерите на „Вреди“, посочи дека албанските студенти во Македонија ќе можат да ги полагаат сите стручни испити на албански јазик и дека за ова постои договор со премиерот.

Изјавите на Мицкоски и Касами се во спротивност со ставот на министерот за правда Игор Филков, кој вчера реагираше преку писмена изјава дека правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионализам и почитување на правниот поредок на земјата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author