29.04.2026 Скопје
Бебињата чии мајки се изложени на повисоки нивоа на загадување на воздухот на почетокот на бременоста може да го развиваат говорот побавно, според ново истражување на научниците од Кингс колеџ во Лондон.
Една студија покажа дека изложеноста на азот диоксид и фини и ултрафини честички во текот на првиот триместар од бременоста може да доведе до одложен развој на јазикот кај децата на 18-месечна возраст.
Кај предвреме родените бебиња, покрај доцнењето во развојот на говорот, забележани се и послаби моторни вештини.
Истражувачите анализирале 498 бебиња родени во лондонска болница помеѓу 2015 и 2020 година, користејќи податоци за нивоата на загадување во областите каде што нивните мајки живееле за време на бременоста.
Учесниците во студијата подоцна биле подложени на стандардни тестови за когнитивен, јазичен и моторен развој.
Резултатите покажуваат дека децата изложени на највисоки нивоа на загадување во првиот триместар имале, во просек, послаби резултати на јазичните тестови, додека предвреме родените бебиња покажале уште поизразени разлики во моторниот развој.
Авторите забележаа дека се потребни понатамошни истражувања за да се утврди дали овие разлики имаат долгорочни последици врз образованието и развојот на децата.
Експертите предупредуваат дека загадувањето на воздухот е глобален здравствен проблем, кој непропорционално влијае на населението во урбаните и посиромашните области низ целиот свет.
Подготвено од А.Ѓ.