24.04.2026 Скопје
Специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер, утре ќе отпатуваат за Пакистан за да ги рестартираат преговорите за завршување на војната со Иран, соопшти во петокот портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
Потпретседателот Џеј Ди Венс, кој им се придружи на Виткоф и на Кушнер во мировните разговори со иранските претставници претходно овој месец во Исламабад, нема да патува за Пакистан, но ќе биде спремен да се приклучи на преговорите доколку биде потребно.
Левит сугерираше дека САД и Иран се поблиску до договор, но одби да открие детали на прашањето дали администрацијата на Трамп добила мировен предлог од иранските лидери.
Иран се враќа на преговарачката маса во Исламабад по американското продолжување на блокадата и на примирјето.
Иако Белата куќа гледа напредок, Трамп рече дека не брза со крај на војната и дека е спремен да ги толерира високите цени на горивото за да го спречи иранското нуклеарно вооружување.
Додека министерот Хегсет се заканува со нови напади, тимот на Кушнер и на Виткоф се обидува да го постигне договорот што Венс не успеа да го донесе.
Подготвено од А.Ѓ.