EU-Roaming-Banner59ad68329836a_720x600

07.04.2026 Скопје

Предлогот на Европската комисија за укинување на дополнителните трошоци за роаминг за Западен Балкан ќе биде разгледан на состанокот на Работната група за проширување и земјите што преговараат за пристапување кон ЕУ, свикан од Генералниот секретаријат на Советот на Европската унија за денес, 7 април.

Доколку преговорите бидат успешно завршени, граѓаните на РС Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе можат да се јавуваат, да испраќаат СМС-пораки и да ги користат своите мобилни податоци во земјите од ЕУ по цените што ги користат дома. Граѓаните на земјите од ЕУ што патуваат во Западен Балкан ќе имаат корист од истите привилегии.

Спогодбата, исто така, ќе обезбеди право на ист квалитет и брзина на мобилните мрежи како дома, како и бесплатни повици до броеви за итни случаи.

Во јули 2025 година овие услови стапија во сила за две други земји кандидати за ЕУ ​​- Украина и Молдавија.

Подготвено од М.Д.

About Author