09.04.2026 Скопје
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува начини за казнување на одредени земји-членки на НАТО за кои смета дека не им биле од помош на САД и Израел во војната против Иран.
Изворот изјавил дека некои од мерките што се разгледуваат вклучуваат преместување на американските трупи од тие земји во земјите-членки на Алијансата кои повеќе ги поддржуваат воените акции на САД на Блискиот Исток.
Претходно, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, објави дека Трамп ќе разговара за можноста САД да ја напуштат Алијансата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Според неа, двајцата веќе разговарале „отворено“ претходно на оваа тема, и дека Трамп наводно рекол дека „НАТО е тестиран и не го поминал тестот“.
„Тие не го положија тестот затоа што ни го свртеа грбот“, рече таа.
Трамп претходно изјави дека е многу разочаран од НАТО поради конфликтот со Иран, велејќи дека тековната војна оставила трага врз алијансата „која никогаш нема да исчезне“.
Подготвено од М.Д.