14.04.2026 Скопје
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Велика Британија нема да се придружи на блокадата на Ормутскиот теснец што ја објави американскиот претседател Доналд Трамп.
Ние не поддржуваме блокада, изјави Стармер, додавајќи дека Велика Британија нема да биде вовлечена во војна со Иран.
По неуспешните разговори меѓу САД и Иран во Пакистан, американскиот претседател Доналд Трамп објави две пораки на својата мрежа Truth Social, најавувајќи блокада на Ормутскиот теснец и остро напаѓајќи го Иран поради неговата нуклеарна програма.
„Да ја скратам приказната, состанокот помина добро, се согласивме за повеќето точки, но она што е навистина важнa, нуклеарната, не го направивме тоа“, напиша Трамп.
Тој додаде дека американската морнарица веднаш ќе „започне со процесот на блокирање на сите бродови што се обидуваат да влезат или излезат од Ормускиот Tеснец“.
„Во одреден момент ќе дојдеме до ситуација ‘на секој му е дозволен влез, на секој му е дозволен излез’, но Иран не го дозволи тоа, само затоа што велат: ‘Можеби некаде има мини’, за кои никој освен нив не знае“, објави тој.
„Ова е глобална уцена и лидерите на државите, особено САД, никогаш нема да бидат уценувани“, додаде тој.
Подготвено од М.Д.