IVICA KONESKI

24.04.2026 Скопје

Поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски, е инвеститор на зградата во Кисела Вода каде што утринава загина еден градежен работник, а тројца без повредени откако беа затрупани со насип од земја.

Според јавно достапните информации, Коневски е сопственик на компанијата „Нар Инвестмент“ од Скопје, а Илија Коневски е директор. Компанијата е основана во ноември 2025 година како друштво со ограничена одговорност со едноличен капитал и е регистрирана на улицата „Петар Попарсов“ во Центар.

Коневски во изјава за „Слободен печат“ потврди дека неговата компанија е инвеститор на зградата, а како што ни посочи, изведувач на работите е компанијата „Јакимовски“. Тој вели дека сè уште немаат информации за причините за несреќата.

Еден градежен работник загина, а тројца се тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода.

Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, а еден е со скршеници на двете потколеници и една натколеница.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author