22.04.2026 Скопје
„Не е возможно повторно отворање на Ормускиот Теснец со оглед на сите прекршувања на прекинот на огнот“, изјави главниот преговорач на Иран во разговорите со САД, Мохамад Багер Галибаф.
Тие „прекршувања“ ја вклучуваат американската поморска блокада на иранските пристаништа – за која тој вели дека претставува држење на глобалната економија како „заложник“ – и „загревање на војната“ од Израел „на сите фронтови“.
Навидум мислејќи на САД и Израел, Галибаф објави на X дека „тие не ги постигнаа своите цели преку воена агресија, ниту ќе ги постигнат преку заплашување“.
Се сметаше дека Галибаф оваа недела ќе има разговори со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во Пакистан, но тие сè уште не започнале.
Подготвено од А.Ѓ.