evro

01.04.2026 Скопје

Инфлацијата во еврозоната нагло се зголеми по порастот на цените на нафтата предизвикан од војната меѓу САД и Ирак против Иран.

На годишно ниво, цените на мало во март се зголемија за 2,5%, покажува првичната процена објавена денеска од статистичарите на Евростат во Луксембург. За споредба, во февруари стапката на инфлација изнесуваше 1,9%.

Економистите очекуваа малку поголем пораст, односно во просек околу 2,6%.

Европската централна банка (ЕЦБ) има цел годишната стапка на инфлација на среден рок да изнесува два отсто.

Во споредба со февруари, цените се зголемија за 1,2%, а аналитичарите очекуваа пораст од 1,3%.

Масовниот пораст на цените на енергијата ја катапултира инфлацијата нагоре во март – изјави главниот економист на Комерцбанк, Јерг Кремер, додавајќи дека „најдоцна до мај, веројатно ќе надмине 3%“.

Доколку тоа се случи, високите трошоци за енергија би ги зголемиле и цените на многу други стоки зголемувајќи ја основната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на храната и енергијата – и сè уште не се зголемила во март.

Зголемениот инфлациски притисок сугерира дека ЕЦБ ќе ги зголеми своите клучни каматни стапки најдоцна во април или јуни-  додаде Кремер, пренесен од германската агенција.

Подготвено од М.Д.

About Author