29.04.2026 Скопје
Американскиот суд ја потврди претходно донесената одлука со која Хрватска беше обврзана да ѝ плати на унгарската МОЛ износ од 286 милиони долари.
Пресудата ја донесе судијата Амир Х. Али од Окружниот суд за округот Колумбија, САД, по тужба поднесена од MOL.
Истиот судија ја отфрли жалбата на Хрватска во 2025 година против одлуката од 2022 година со која на MOL им беа доделени 183,94 милиони долари. Бројката оттогаш достигна 286 милиони долари, поради трошоците за арбитража и каматата.
Во март оваа година, хрватската Влада беше известена за одлуката на судот во Вашингтон, со која беа отфрлени приговорите на Хрватска на барањето на MOL за признавање и спроведување на арбитражната одлука во случајот „MOL Hungarian Oil and Gas Company Plc против Република Хрватска“.
Хрватскиот вицепремиер Бранко Бачиќ изјави дека средствата за обештетување на МОЛ ќе бидат обезбедени од Буџетот.
Подготвено од А.Ѓ.