28.04.2026 Скопје
Германската воена поддршка за Украина сè повеќе се развива во долгорочно стратешко партнерство, од кое имаат корист и безбедноста и германската економија, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
Писториус на прес-конференција изјави дека Берлин се откажал од моделот на краткорочна и ситуациска помош за Киев и сега гради структурирано партнерство со Украина на долг рок.
„Ова не е само корисно, туку придонесува и за безбедноста на двете наши земји, како и за економијата и индустријата“, рече германскиот министер за одбрана.
Писториус, исто така, ја нагласи важноста од размена на воени искуства меѓу Берлин и Киев, посочувајќи дека Германија има намера да продолжи со заедничката набавка на воена опрема со европските партнери со цел да ја поддржи Украина. Според истиот извор, Берлин размислува и за приклучување кон украинскиот кластер за развој на воени технологии „Храбар 1“.
Германија, заедно со САД и другите западни партнери, е еден од најголемите донатори на воена поддршка за Украина.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц претходно посочи дека Украина можеби ќе мора да го прифати губењето на територијата како дел од идниот мировен договор, поврзувајќи го тоа со изгледите на Киев за поблиски врски со Европската Унија. Тој исто така рече дека брзото пристапување на Украина во ЕУ не е реално, дури ни до 2028 година, и го спомена статусот на набљудувач во европските институции како можна преодна опција.
Подготвено од А.Ѓ.