30.04.2026 Скопје
Глен Дизен, професор на Универзитетот југоисточна Норвешка, оцени дека одбивањето на европските земји да преговараат со Русија води кон голема катастрофа, бидејќи, според него, наместо да се бара компромисно решение, се продолжува со политика на ескалација.
Дизен, во интервју со Џорџ Галовеј, наведе дека европските држави порано настапувале со поголема самодоверба поради потпирањето на поддршката од САД, но дека околностите во меѓувреме се промениле.
Според неговата оцена, европската политика сè повеќе се оддалечува од реалната проценка на ситуацијата, додека актуелните лидери, како што рече, не се во состојба целосно да ги согледаат реалните услови и последиците од одлуките што ги носат.
Тој нагласи дека идејата за воен пораз на Русија, како најголема нуклеарна сила, делува нереално и опасно, особено ако продолжи одбивањето на дипломатскиот пат.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека западните земји, користејќи украински националисти, водат војна против Русија, наведувајќи дека Москва се обидува да го заврши конфликтот кој, како што тврди, е започнат против неа.
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, исто така тврдел дека европските земји вршат притисок врз Володимир Зеленски да продолжи со воените активности, и покрај сè поголемиот недостаток на финансиски средства.
Подготвено од А.Ѓ.