20.04.2026 Скопје
Европската Унија повторно ги менува правилата на играта на пазарот на храна – не само за производителите во земјите членки, туку и за секој што сака да извезува на тој пазар. Новите регулативи, поддржани од Европскиот парламент, имаат за цел да ја зајакнат позицијата на земјоделците, но и да воведат построги стандарди во означувањето на производите и поголема транспарентност во синџирот на снабдување.
Една од најзначајните новини се однесува на забраната за употреба на имиња како „сланина“ или „стек“ за производи што не содржат месо.
Месото и млекото, или производите од животинско потекло, секогаш се во фокусот бидејќи се најчувствителни – од производството до потрошувачката. Ова е логична последица од регулативата што има за цел да го регулира пазарот.
Покрај декларациите, заштитата на животната средина добива сè поголемо значење. Се очекуваат промени во начинот на пакување на производите, вклучително и намалување на употребата на пластика.
Амбалажата ќе мора да се промени. Се повеќе се зборува за елиминирање на малите пластични пакувања и преминување на биоразградливи материјали, а ова ќе бара дополнителни инвестиции.
Овие промени нема да стапат на сила веднаш, бидејќи тоа е тежок и скап процес.
Иако новите регулативи се воведуваат со цел регулирање на пазарот, нивното влијание врз цените на храната е речиси извесно.
Зголемувањето на цените е неизбежно, не само поради регулативите, туку и поради зголемувањето на цените на енергијата, ѓубривата и проблемите во транспортот, предупредуваат експертите и додаваат дека сите клучни инпути станале поскапи и тоа неизбежно ќе се одрази на конечната цена на производот.
Глобалните нарушувања дополнително ја истакнаа важноста на домашното производство на храна, важно е да се зајакне сопственото производство. Гледаме колку брзо се случуваат нарушувања на глобалниот пазар – од геополитички кризи до болести кај животните.
Тој нè потсетува дека безбедноста на храната има пошироко значење. Тоа не е само економско прашање, туку и прашање за безбедност на државите.
Подготвено од М.Д.