27.04.2026 Скопје
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека „прекумерните барања“ од САД доведоа до неуспех на мировните преговори одржани во Исламабад.
По слетувањето во Русија, пред локалните новинар изјави дека ќе разговара за тековниот конфликт на Блискиот Исток со руските сојузници.
Иранскиот министер, исто така, се осврна на моменталното затворање на Ормускиот Теснец, нагласувајќи дека безбедноста на пловидбата низ оваа стратешки важна поморска рута останува глобално прашање.
Тој ги повика соседните земји, вклучително и Оман, да соработуваат потесно во нивен заеднички интерес.
Арагчи додаде дека постои значително ниво на консензус меѓу Иран и Оман и потврди дека е постигнат договор за продолжување на разговорите за прашањето за Ормускиот Теснец.
Инаку, Арагчи слета во Русија, откако иранските медиуми вчера објавија дека Арагчи ќе се сретне со рускиот претседател во Москва, за да разговара за тековните мировни преговори на Блискиот Исток.
Арагчи претходно беше во Исламабад, каде требаше да се сретне со американските претставници за втората рунда мировни преговори, кои не се појавија во Пакистан.
Белата куќа во петокот објави дека пратениците Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе преговараат со иранската страна во Пакистан, така што кратко по пристигнувањето на Арагчи, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја откажал мисијата поради недостаток на напредок со Иран.
Трамп минатата недела го продолжи на неодредено време примирјето што САД и Иран го договорија на 7 април, со што во голема мера запреа борбите што започнаа на 28 февруари.
Подготвено од А.Ѓ.