23.03.2026 Скопје
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, истакна дека постојат знаци за можност за продолжување на разговорите за прекин на огнот со Русија, по дводневните средби на украинските и американските преговарачи во Мајами.
Јасно е дека вниманието на американската страна во моментов е насочено првенствено кон ситуацијата околу Iran и тој регион, но оваа војна што Русија ја води против Украина мора да се заврши – објави Зеленски на социјалните мрежи по средбите на украинската делегација и американските претставници.
Претседателот додаде дека сигналите за можноста за продолжување на разговорите претставуваат добра вест и потврда дека дипломатијата функционира.
Украинската делегација се сретна со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, а разговорите во Мајами траеја два дена и беа насочени кон можните патишта за дипломатско решавање на конфликтот.
Подготвено од М.Д.