kripto-novcanik-zabranjuje-koristenje-svim-stanovnicima-u-sad-u

25.03.2026 Скопје

Конфликтот меѓу САД и Иран покажува дека во современите геополитички судири, моќта не се мери само со тврда (воена) сила. Економските ризици, асиметричните тактики и регионалните динамики ја ограничуваат способноста, дури и на најсилните држави, за апсолутно да ги наметнат своите цели.

Америка сега се наоѓа во сложена позиција. Дури и „петдневната пауза“ носи ризик од ескалација со глобални последици, иако берзите и цените на енергентите реагираат промпно со надолен тренд.

Но повлекувањето на САД може да се толкува како слабост. Тоа би имало силни негативни последици за САД, Вашингтон и за Трамп во смисла на нивната глобална и домашна релевантност, авторитет, углед, почит, па и пад на влијанието.

Во меѓувреме, Иран успева да парира, да ја одржи рамнотежата и доволно е силен за да одврати напад, но и доволно внимателен за да избегне директен судир со непредвидлив исход.

Прашањето што останува е: дали оваа пауза е почеток на деескалација или само затишје пред уште поголема бура? Земајќи го предвид само карактерот на Трамп, и ништо друго дополнително, ништо не е јасно и ништо не се знае. За жал.

Подготвено од М.Д.

About Author