evrozona-696x392.jpg

27.03.2026 Скопје

Државите од еврозоната на денешниот онлајн состанок ќе разговараат за мерките против растот на цените на енергијата предизвикан од последните случувања на Блискиот Исток, се наведува во програмата на Еврогрупата.

Европската комисија (ЕК) во работниот документ доставен пред состанокот предупредува дека Унијата се соочува со можни прекини во снабдувањето.

Војната во Блискиот Исток предизвика сериозни нарушувања на пазарот на нафта и гас, а само во првите 17 дена од кризата со Иран, ЕУ потрошила околу шест милијарди евра повеќе за увоз на фосилни горива. Иако обновливите извори покриваат 48 отсто од потрошувачката на струја, транспортот останува силно зависен од увозот, поради што ЕК смета дека е итно забрзување на транзицијата кон електрифицирана економија.

Комисијата нагласува дека нискојаглеродната електрификација е единствено трајно решение за енергетската сувереност на Европа. Како краткорочни мерки се предлага директна поддршка за најранливите домаќинства и индустрии, но под услов тие да бидат привремени и да не го поттикнуваат прекумерното трошење. Одговорот на ЕУ мора да биде координиран, а буџетските трошоци ограничени за да не се загрози фискалната одржливост на земјите членки.

Подготвено од М.Д.

About Author