24.03.2026 Скопје
Со намалување на ДДВ не се решава енергетски проблем. Тоа е само лепење на фластер на раната, а не терапија на процесите кои водат до проблемот. Владата сама кажа дека без интервенција бензините би пораснале за 6,5 денари по литар, а дизелот за 10,5 денари, додека со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% очекувањето е бензините да останат речиси непроменети, а дизелот да порасне за околу 3,5 денари. Тоа значи дека мерката само делумно го амортизира првиот удар, но не ја решава суштината на проблемот – цените растат.
Регулаторната комисија за енергетика ги донесе новите цени на горивата. Цените на горивата остануваат исти, а дизелот се зголемува за 3,5 денари за литар.
За 2,5 денари се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство, како и цената на мазутот кој ќе се продава за 47,610 ден/кг.
Одлуката на РКЕ се совпаѓа со очекувањата на Владата која вчера го намали ДДВ-то од 18 на 10 проценти.
Подготвено од М.Д.