21.03.2026 Скопје
Администрацијата на Доналд Трамп привремено ги укина санкциите за дел од иранската нафта, во обид да го ограничи влијанието на војната со Иран врз енергетските пазари.
Американскиот министер за финансии Скот Бесент објави дека привременото укинување на санкциите ќе овозможи 140 милиони барели нафта, кои во моментов се заглавени во море, да влезат на глобалните пазари.
„Во суштина, ние ќе ја користиме иранската нафта против Техеран за да ја одржиме цената ниска додека ја продолжуваме операцијата“,напиша Бесент.
Министерот додаде дека Иран ќе има потешкотии во пристапот до каква било финансиска добивка генерирана од продажбата на нафтата бидејќи одлуката се однесува на строго ораничени количини кои се веќе во транзит и не дозволува нови купувања или производство.
Цените на нафтата и гасот нагло пораснаа од почетокот на војната и од почетокот на иранските напади врз енергетската инфраструктура на Блискиот Исток. Цената на суровата нафта „Брент“ се држи околу 112 долари за барел, што е зголемување од 53 отсто во однос на претходната година.
Подготвено од М.Д.