25.03.2026 Скопје
Сооединетите Американски Држави заедно со посредниците од Пакистан, Египет и Турција разговараат за одржување мировен самт со Иран веќе во четврток, јавува израелски канал, повикувајќи се на три неименувани извори запознаени со планот.
Телевизијата наведува дека на мировниот самит би се разговарало за новиот договор во 15 точки кои ги предложија САД.
Самитот веројатно би бил одржан во Исламабад, пренесува каналот и наведува дека два извори напоменуваат дека Иран уште не се согласил на таков самит.
Новоизбраниот ирански лидер, врховниот верски водач ајатолахот Моџтаба Хамнеи мора да го одобри присуството на Иран иако е наводно повреден во текот на американско-израелските напади и се нема појавено во јавноста од именувањето.
Иако САД наводно сакаат состанокот на високо ниво меѓу потпретседателто на САД Џеј Ди Венс и претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Калибах тие би можеле да се одржат и на најниско ниво, односно меѓу иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи и главните помошнци на Трамп Џаред Кушнењр и Стив Виткоф.
Без оглед на преговоите меѓу Вашинготн и Иран, американските и иранските претставници изјавија за „Канал 12“ дека во претстојните две-три недели не очекуваат крај или пауза во војната бидејќи се очекува постигнувањето договор да трае подолго.
Во извештајот се додава дека САД му поднеле на Израел план од 15 точки за ставање крај на војната кој му го доставиле и на Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека постојат многу точки на договор со Иран за условите за крај на војната и сериозна можност за договор, меѓутоа, израелската разузнавачкма служба проценува дека разликите меѓу завојуваните страни се многу големи.
Подготвено од М.Д.