07.05.2024 Скопје

Платформата на Инстаграм воведува еден куп нови функции за своите популарни „приказни“ (Stories), од кои најважна е функцијата „Откријте“, која им овозможува на корисниците да креираат скриени „приказни“ кои нивните следбеници ќе можат само да ги откријат доколку побараат дозвола од авторот преку приватна порака.

За да креирате тајни приказни, треба да кликнете на иконата за налепница на горниот дел од апликацијата, да ја изберете функцијата „Откриј“ и да креирате „приказна“ на Инстаграм која ќе биде замаглена за сите корисници.

Компанијата верува дека новата функција ќе послужи како можност за почеток на разговор со пријателите на Инстаграм.

Во апликацијата е интегрирана и функцијата „Додај своја сопствена музика во приказни“, така што корисниците ќе можат да ги споделуваат и своите омилени песни.

Корисниците исто така ќе можат да додаваат рамки, па фотографиите додадени во „приказните“ ќе изгледаат како снимки од Полароид.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *