07.05.2024 Скопје

Европската комисија го одобри барањето на Хрватска за доделување 25 милиони евра државна помош за поддршка на проширувањето на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) на хрватскиот остров Крк.

Согласно одлуката на ЕК,проектот делумно ќе биде финансиран и преку Механизмот за закрепнување и отпорност на ЕУ.

Со проектот се предвидува на постојниот терминал за ЛНГ на Крк да биде инсталиран дополнителен модул за регасификација со капацитет од 250.000 кубни метри на час. Со ова новиот максимален капацитет за регасификација на терминалот ќе изнесува 700.000 кубни метри на час или 6,1 милијарди кубни метри годишно. Помошта ќе биде во форма на директен грант со што се покриваат дел од инвестициските трошоци на операторот на терминалот „ЛНГ Хрватска“.

Според Комисијата, помошта е неопходна за да може да се реализира проектот, кој ќе овозможи постабилно снабдување со гас на Хрватска и регионот на Југоисточна Европа, ќе ја поттикне диверзификацијата во снабдувањето со енергија и ќе стави крај на зависноста од руските фосилни горива.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *