https://www.facebook.com/MetaforBusiness/photos/a.10150576419166337/10165060777596337/

26.04.2024 Скопје

Американската технолошка корпорација Мета, сопственик на популарни платформи како Фејсбук или Инстаграм, објави дека нејзиниот приход во првиот квартал од 2024 година се зголемил за 27 отсто на годишно ниво на 36,46 милијарди долари.

Добивката на Мета е повеќе од двојно зголемена во истиот период на 12,37 милијарди долари или 4,71 долари по акција.

Резултатите ги надминаа очекувањата на агенцијата LSEG, која очекуваше приход од 36,16 милијарди долари и заработка по акција од 4,32 долари.

Растот на приходите на Мета се забрза, а трошоците за продажба и маркетинг паднаа за 16 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Сепак, акционерите не беа ентузијасти бидејќи Мета истовремено објави дека во вториот квартал од 2024 година очекува поскромно зголемување на приходите во однос на претходниот период.

Компанијата очекува нејзините приходи во вториот квартал на 2024 година да се движат меѓу 36,5 и 39 милијарди долари.

Средината на опсегот, или 37,75 милијарди долари, би претставувала раст од 18 отсто во однос на претходната година и е под просечната проценка на аналитичарите од 38,3 милијарди долари.

Компанијата објави и дека има 69.329 вработени, што е за 10 отсто помалку отколку во првиот квартал од 2023 година.

За време на повикот за заработка, извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, прво зборуваше за развојот на вештачката интелигенција (ВИ) и премина на метаверс, кои се области каде Мета засега само губи пари.

Мета моментално генерира 98 отсто од приходите од дигитално рекламирање.

Инвеститорите не беа задоволни од овие најави, па акциите на Мета паднаа за цели 19 отсто во продолженото тргување во средата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *