19.04.2024 Скопје

На локацијата „Крст“ во Кучково засадени се 2000 млади садници кои, како што вели градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на долг рок треба значително да придонесат за чист воздух на ова туристичко место.

Акцијата за пошумување е спроведена на иницијатива на компанијата „Џонсон Мети“ и во неа учествувале и 130 вработени во компанијата, која според градоначалникот, одново покажала општествена одговорност кон заштитата на животната средина.

Неодамна беа засадени 150 паркови дрва на две локации во Ѓорче Петров, односно на Кејот на реката Вардар и во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *