19.04.2024 Скопје

Во текот на изминатите два дена, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведоа акција за отстранување неколку диви депонии во скопската општина Ѓорче Петров. Како што информираат од претпријатието отстранети се 100 м3 отпад.

Станува збор за претежно кабаст, градежен  и мешан комунален отпад, при што се отстранети 60 кубни метри отпад од обемна дива депонија на улицата Црногорска – во близина на автобуската постојка, како и 40 кубни метри отпад од неколку помали диви депонии лоцирани на улиците Македонска војска, Христо Батанџиев, Борис Сарафов, Никола Пушкаров и Лука Геров.

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат до граѓаните правилно и совесно да го одлагаат својот отпад и на тој начин да придонесат кон заштитата на животната средина и јавното здравје.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *