26.04.2024 Скопје

Обилните дождови започнале во средината на март, но поројните дождови се интензивирале во текот на изминатата недела, што доведе до огромни поплави. Кенискиот Црвен крст објави дека од почетокот на март интервенирале во речиси 200 спасувачки операции. Во главниот град Најроби, вчера беа затворени бројни патишта, а неколку населени места беа поплавени по уште еден ден со поројни врнежи.

„ Ситуацијата во Најроби ескалира до екстремни нивоа. Окружната влада, и покрај нејзините најдобри напори, беше преоптоварена. Потребни ни се сите национални служби за итни случаи, тие мора да се мобилизираат за да спасат животи“,  напиша градскиот сенатор Едвин Сифуна на својот профил на социјалната мрежа Икс.

Тој сподели видео од жителите заробени на покривите на нивните куќи во сиромашниот кварт во Најроби.

Црвениот крст на Кенија соопшти дека спасиле 18 лица во населбата Матаре 4А. Два главни автопати надвор од Најроби беа силно пренатрупани во средата откако делови од патиштата беа поплавени. Затворени се четири патни правци, а на два воведени се вонредни мерки.

„ Сообраќајната полиција и нашиот технички тим се на терен за насочување на сообраќајот и подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот“, соопштија надлежните.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *