https://www.flickr.com/photos/66685136@N02/8099442492/in/photolist-dkHL5d-dkHJWP-dkHK5K-YjZEfF-qWff5N-2bp7KC2-4LWMVa-fFfQS7-4LWP5e-5Tpr4-2iPh6Eb-2iPmvwk-2iPh6KG-fEYeiX-5pS2bL-6Ptd8m-6s9aCP-fFfRiG-4H7Se6-5Tpr9-6WZTRs-5rtttM-2hfsn4n-5rxN1A-5TpqZ-fEYeJP-2iPh6D9-2iPmvv8-2iPjPwr-26exXdU-6WVTvx-2iPjPz2-2iPh6BL-4M1TFw-CcoHPo-4LWLSv-38tvUy-4M1YLu-28TM1o3-4Mf3HS-4MaPkM-4M1V3b-4Mf2xj-4M1ZPQ-4M1UgQ-RRFMRc-F7RbUx-2nGfoCS-N3tksK-25wh1Vo

11.04.2024 Скопје

Дали знаевте дека Белград низ историјата има сменето дури 15 имиња?

Најстарото познато име за Белград било Сингидум.

Овие области биле управувани од Келтите, кои дошле до име за нивната територија како комбинација од зборовите синги – што значи круг и дун – населба. Затоа, најстарото напишано име на овој град се толкувало како кружна населба или, поверојатно, утврдување на оваа форма.

Кога градот бил освоен од Римјаните во II век, тој бил преименуван во Сингидунум. Под римско владеење, Сингидунум имал своја самоуправа, а неговиот статус бил сличен на оној на колониите. Граѓаните кои го населувале немале право да учествуваат во политичкиот живот, за разлика од римските граѓани. Од друга страна, тие беа обврзани да плаќаат даноци.

Под власта на Византија, во 6 век името се менува во Велиградон. Императорот Јустинијан ја гради и обновува оваа територија, која по римскиот период била уништена од варварските племиња: Хуни, Готи, Визиготи… Градот стигнува до долгоочекуваниот мирен период, но и овојпат не долго.

Аварите го палат и уништуваат Велиградон, кој отстапува на неговото сегашно име, со доаѓањето на Словените (средината на VII век). Белград, како што кажува и самото име, му го дале Словените поради светлата боја на каменот со кој бил изграден. Името е привремено фиксирано и никогаш повеќе не е целосно изгубено. Во меѓувреме ќе се појават и други варијанти, но луѓето од овие простори во периодот од 9 до 11 век продолжиле да го нарекуваат своето живеалиште словенска варијанта, Белград.

Бугари – Алба Бугарица

За кратко време ќе биде познат под латинското име Alba Graeca. Бугарите за време на нивното владеење ќе го сменат името во Алба Бугарица.

Угарите имаа неколку имиња

Под Угари ќе следат и неколку варијанти: Фехервар, Нандоралба и од 14 век Нандорфехервар, што исто така алудира на белата боја. Извесно време ќе ги носи германските имиња: Вајсенбург и Гричиш-Вајсенбург како и италијанскиот Кастел Бјанко (Белиот замок).

Османлиите – Куќа на војната

За време на Османлиите, тој бил познат како Белград и Дар Ал Џихад, што значи Куќа на војната. Во 1940-тите, нацистите ќе смислат своја варијанта: Prinz Eugen Stadt.

Меѓу локалните имиња е познат и како Бијоград, како што го нарекол Вук Караџиќ во својот речник; како Биоград на Дунав и, се разбира, најобична варијанта Белград, како што го крстиле старите Словени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author