28.03.2024 Скопје

Во центарот на Скопје, на зградата бр.33, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, наспроти студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ од пред околу 30 години беше ставен голем рекламен материјал, кој заедно со фасадата веќе одамна беа во разрушена состојба.

Затоа, поткрепени со оптимистичката поддршка и ентузијазам на станарите во зградата, организацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ, заедно со уметниците Ивана Самандова, Ана Трајковска и Доротеј Нешовски покренаа акција за обновување на заборавениот ѕид, со цел да остане визуелна игра, но и значаен потсетник во строгиот центар на градот.

Според нив, оваа порака од Корета Скот Кинг, авторка, активистка и лидерка на граѓански права, се упатува кон многуте заедници кои го оформуваат разновидниот карактер на општеството, а истите тие за да опстанат зависат во голема мерка од солидарните и добронамерни постапки токму од нејзините членови.

„Затоа, неслучајно оваа мисла е носечката порака на првиот мурал, таа служи како потсетник дека токму членовите се одговорни за градењето на меѓусебно разбирање, толеранција и заеднички борби за создавање подобри и поздрави услови на живеење, овозможувајќи поддршка и слободно заедничко творештво – не само во културата и уметноста, туку и пошироко во рамките на општеството во коешто живееме“, потенцираат креаторите.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *