29.03.2024 Скопје

Државата преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Европската комисија треба да и врати 2, 2 милиони евра за кои постојат наоди дека биле злоупотребени, преку програмата Еразмус Плус, кажа директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Според Ѓоргиевски, лани добиле известување од ОЛАФ- Европската канцеларија за борба против измами, со барање парите да бидат вратени, а потребата од поврат на средствата била потврдена овој месец и од Генералниот директорат за образование на млади, спорт и култура при Европската комисија.

Националаната агенција од Директоратот побарала дополнителни информации за случајот и за начинот како да се вратат средствата. А, дека ОЛАФ извршил проверки, на Агенцијата и потврдиле од Управата за финансиска полиција, од каде им било кажано дека извештајот од Канцеларијата за борба против измами на Европската комисија е испратен до  надлежен обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција и дека е започната предистражна постапка, кажа Ѓоргиевски.

Создадена нова база од 70 странски евалуатори на апликациите , транспарентност при автоматската распределба на проектите и објавување на оние кои добиле, биле одбиени или се на резервната листа, воспоставена процедура за работа на Комисијата за евалуација, редовно објавување на повиците за аплицирање и кампања за анонимно пријавување не непрвилности, се дел од мерките што ги наведе директорот на Агенција за европски образовни програми, со цел во иднина да се заштитат нашите национални интереси и европските фондови.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *