30.03.2024 Скопје

Новото истражување објавено во „Nature Reviews Earth & Environment“ покажува дека околу 90 проценти од некои од традиционалните региони за производство на вино во светот би можеле да исчезнат во наредните децении поради климатските промени.

Научниците открија дека најзагрозени се крајбрежните региони и рамнините на Италија, Шпанија, Грција и Јужна Калифорнија. Воедно, тие октрија дека прекумерната суша и почестите топлотни бранови предизвикани од климатските промени се одговорни за ризикот за производството на вино во овие региони.

Температурата, врнежите, влажноста, радијацијата и нивото на јаглерод диоксид се исто така клучни компоненти на производството на вино, а научниците велат дека тие ќе се променат поради новите климатски услови.

Зголемувањето на температурите може да ги направи другите региони попогодни за одгледување грозје, како што се државата Вашингтон, Орегон, Тасманија и Северна Франција.

Подготвено од А.Ѓ.

 

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *