29.03.2024 Скопје

Дивоградбите кои ќе се конфискуваат со правосилна одлука општините ќе имаат можност да ги земат во нивна надлежност и да ги пренаменат. Бесправно изградените објекти локалните самоуправи не ќе можат да ги продаваат, туку само да ги отстапат на други органи на власта, или на здруженија за заштита на социјално ранливи категории граѓани.

Доколку не го легализираат конфискуваниот објект, општините имаат рок од 6 месеци да го срушат. Овој член во Законот за конфискација на имот во кривична и прекршочна постапка, кој е донесен во Собранието, е по иницијатива на Општина Центар.

Агенцијата за управување со конфискуван имот со одлука на Владата одземената дивоградба ќе ја предаде во надлежност на Општината на чија територија припаѓа.

Герасимовски додава  дека со новото законско решение, наместо огромни трошоци за уривање на нелегално изградените објекти, сега тие ќе можат да се пренаменат во пензионерски домови, клубови за млади, да се вдомат социјално загрозени семејства или да се користат за друго јавно добро.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *