29.03.2024 Скопје

Домаќинствата во еврозоната и понатаму слабо позајмуваат од банките, е заклучокот од извештајот на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните движења во февруари.

Заемите од банките за домаќинствата во еврозоната во февруари се зголемија за 0,3 отсто на годишно ниво, исто како и во јануари, што е најбавната годишна стапка на раст од март 2015 година, се наведува на веб-страницата на ЕЦБ.

Вкупната вредност на кредитите за приватните компании (освен финансиските) во февруари е зголемена за 0,4 отсто на годишно ниво.

Во јануари растот на кредитите во оваа категорија на годишно ниво е забележан за 0,2 отсто.

Вредноста на монетарниот агрегат М3 на вкупните ликвидни средства на еврозоната во февруари се зголеми за 0,4 отсто на годишно ниво, а вредноста на потесниот монетарен агрегат М1, кој ги вклучува парите во оптек и депозитите преку ноќ, падна за 7,7 отсто во споредба до истиот месец минатата година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *