29.12.2023 Скопје
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и отец Оливер во предновогодишна акција ги израдуваа со пакетчиња децата од Златен Сремец.
Новогодишниот караван со кој Дедо Мраз патува низ општина Кисела Вода денес пристигна и во ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“. Дечињата со радост ја пречекаа кочијата натоварена со пакетчиња и им се заблагодарија на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и на отецот Оливер од Хуманитарната организација „Свети Спас”, кои денес освен што им поделија пакетчиња, се дружеа со нив и им овозможија незаборавни моменти.
„Се надевам дека нашите заложби ќе допринесат за намалување на дискриминацијата на лицата со попреченост и овозможување на еднакви права со сите останати и тоа не само на локално ниво, туку и многу пошироко“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Подготвено од М.Д.