17.08.2026 Скопје
Руската амбасада во Лондон денес објави дека Обединетото Кралство станува помагач и соучесник во „крвавите злосторства и терористичките напади“ на Киев, откако Украина почна да користи дронови од британско производство за напади длабоко на руска територија.
Британските авиони почнаа да се користат за напади длабоко во руска територија во неделата.
„Велика Британија на тој начин станува помагач и соучесник во крвавите злосторства и терористичките напади на украинските неонацисти, со цел да ја ограничат нашата земја и да предизвикаат максимална штета од рацете на другите“, се вели во соопштението на руската амбасада.
Руската амбасада во Лондон предупреди дека Велика Британија ќе се соочи со последици за своите постапки.
„Ваквите дејствија од страна на Лондон неизбежно ќе имаат последици за кои ќе мора да одговара. Колку е подлабоко неговото вклучување во конфликтот и колку е поголема неговата поддршка за терористичката машинерија на Киев, толку повисока ќе биде цената“, соопшти амбасадата.
Руската дипломатска мисија оцени дека наводите за употреба на британски беспилотни летала за напади длабоко на руска територија потврдуваат дека Лондон свесно ја поттикнува ескалацијата на конфликтот, а во исто време лицемерно зборува за стремеж кон мир.
Подготвено од А.Ѓ.