ROBERT FICO 2

26.06.2026 Скопје

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека жали што многу земји од Европската Унија го поддржуваат продолжувањето на конфликтот во Украина, додавајќи дека конфликтот може да се реши само преку преговори.

Тој учествуваше на меѓународна конференција за Украина, која се одржува во Гдањск, каде во своето обраќање изјави дека Европската Унија треба да ги поддржи иницијативите насочени кон мирно решение, бидејќи војната, како што рече, нема воено решение.

„Жалам што значителен број премиери и земји од Европската Унија ја поддржуваат војната, а сè повеќе пари одат во Украина… Денешната конференција уште еднаш ме убеди дека нема посебен интерес за завршување на војната тука“, рече Фицо во видео обраќање објавено по состанокот.

Тој додаде дека ќе продолжи да ја нагласува потребата од преговори, велејќи дека е подобро да се „преговара три години отколку да се дозволи луѓето да умираат три години“.

Фицо рече дека е потребно да се засилат напорите насочени кон што побрзо завршување на конфликтот, наместо дополнително вооружување на Украина, што според него ја продолжува војната.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author