30.06.2026 Скопје
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес се сретна на работен ручек со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, организиран по повод завршувањето на кипарското претседателство со Советот на Европската Унија.
„Одличен разговор, за време на работен ручек, со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија, за односите со ЕУ, политиката на проширување и европскиот пат на Србија. Ѝ се заблагодарив на Република Кипар, која го завршува своето претседателство со Советот на Европската Унија, за нејзиниот принципиелен став кон Србија и континуираната поддршка за нашата земја“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Тој рече дека Србија останува фокусирана на европскиот пат и ќе продолжи да спроведува реформи, со целосно почитување и заштита на државните и националните интереси, секогаш водејќи сметка за најдобрите интереси на своите граѓани.
Кипар денес го завршува своето шестмесечно претседателство со Советот на Европската Унија, а Ирска го презема претседавањето утре.
Подготвено од А.Ѓ.