komandant nato

12.06.2026 Скопје

Врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генерал Алексус Гринкевич, изјави дека Русија, според проценките на Алијансата, не сака директен конфликт со НАТО.

Гринкевич го изјави ова на саемот за воздухопловство ILA 2026 во Берлин, одговарајќи на прашање за можноста Русија да употреби воена сила против балтичките држави.

„Ги проучував разузнавачките информации многу внимателно. Русија не бара конфликт“, рече генералот Гринкевич.

Сепак, тој нагласи дека НАТО одржува политика на одвраќање и дека задачата на Алијансата е да спречи какво било сценарио во кое би се случил напад врз една од нејзините земји-членки, вклучително и земјите на источното крило.

Слична проценка претходно даде и финскиот претседател Александар Стаб, кој рече дека не гледа непосредна опасност од руски напад врз балтичките држави. Според него, нема да има смисла Москва да нападне членка на НАТО за да ја тестира примената на член 5 од Северноатлантскиот договор, кој предвидува колективна одбрана во случај на напад врз еден од сојузниците.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author