16.06.2026 Скопје
Стапката на вработеност на млади луѓе на возраст од 20 до 34 години во Европската Унија кои неодамна завршиле средно или високо образование се зголеми на 83,0 проценти во 2025 година, од 82,3 проценти претходната година, објави Евростат.
Според податоците објавени од Европскиот завод за статистика, стапката на вработеност кај оваа група се зголемила за 7,5 проценти во последните 11 години.
Младите лица со завршено високо образование имаат значително повисоки стапки на вработеност, од 87,0 проценти во 2025 година, додека оние со средно образование имаат стапка од 77,2 проценти.
На ниво на земјите-членки, највисоки стапки на вработеност кај младите дипломирани студенти се забележани во Малта (91%), Германија (90,6%) и Холандија (90,1%), додека најниски се во Грција (62,4%), Италија (71,8%) и Романија (72,7%).
Податоците покажуваат и разлики според полот, при што стапката на вработеност во ЕУ е повисока кај мажите (84,4 проценти) отколку кај жените (81,5 проценти).
Најголеми родови разлики се забележани во Чешка, Латвија и Словенија, додека во некои земји, како што се Грција и Естонија, жените имале релативно повисоки стапки на вработеност од мажите.
Подготвено од А.Ѓ.