04.06.2026 Скопје
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денес испрати извештај до земјите-членки, во кој се наведува дека го повторила својот повик до Иран итно да ја информира Агенцијата за моменталната состојба во врска со збогатениот ураниум што го поседува, со оглед на тоа што помина речиси една година откако САД ги бомбардираа иранските нуклеарни постројки.
МААЕ во извештајот, исто така, наведува дека го повикува Иран да дозволи инспекциите на Агенцијата да продолжат во целост.
„Генералниот директор на МААЕ му соопшти на Иран дека е неопходно и итно ефикасно да се спроведе Договорот за заштитни мерки од Договорот за неширење на нуклеарно оружје и дека Иран не може да го суспендира неговото спроведување под никакви околности“, осврнувајќи се на доверлив извештај.
Кон средината на мај, повикувајќи се на неименуван извор, Иран беше подготвен да го намали нивото на високо збогатен ураниум под меѓународен надзор, односно да го разреди на пониски нивоа, но да одбие да го изнесе од земјата.
Според извори, Вашингтон бара Иран да ги предаде своите залихи од ураниум збогатен до 60 проценти, што Техеран го отфрла.
Подготвено од А.Ѓ.